Нуклеарна бомба врз Сирија што предизвикале земјотрес (ВИДЕО)

Сириската војска соопштила дека вчера ракети погодиле неколку воени бази во провинциите Хами и Алепо, во, како што окарактеризирала, новата агресија на нејзините непријатели, пренела државната телевизија. Иранската агенција “Isna” објавија, цитираат странски извори, дека во вчерашните ракетни напади на северот на Сирија биле убиени најмалку 40 луѓе, а ранети биле 60, нагласувајќи дека меѓу жртвите има и 18 Иранци, пренесува “Ansa”. Според тврдењата на официјалните сириски медиуми, се истакнува дека ракетите дошле од британските и американските бази во северниот дел на Јордан, и дека биле лансирани вкупно 9 проектили.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, од друга страна тврди дека изгледа дека ракетните удари ги извел Израел и дека било нападнато складиште со ракети земји-земја во база на северот на Сирија, познато како Бригада 47, а во нив биле убиени 26 провладини војници, во главна Иранци, и четворица Сиријци.

“AP” наведува дека Техеран пратил илјадници борци да му помогнат на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во седумгодишната граѓанска војна. Како што јавуваат медиумите, ракетирањето се случило во 22.30 часот по локално време, а најверојатно било погодено складиште за оружје.

Локалните медиуми истакнуваат дека експлозиите биле толку силни, што предизвикале потрес со јачина од 2,6 степени според Рихтер. Засега нема официјални информации за бројот на повредени и загинати, но “Sky News Arabia” јавува дека загинале повеќе од 40 луѓе.

Advertisement