Сирија: Манастирот „Света Текла“ во Малула, повторно отворен за посетителите

Веднаш штом градот беше ослободен, еден од најдревните православни манастири „Света Текла“ во Малула, Сирија, одново ги отвори своите врати. Монахињите што претходно беа принудени да го напуштат манастирот поради војната, најпосле успеаја да се вратат. „Сите се грижеа многу за монахињите; нив навистина сите ги сакаат. Парохиите се грееја на нивната духовна срдечност. Веднаш штом слушав дека реонот е ослободен од терористи, се вратив тука од Дамаск“, изјави манастирскиот ефимериј отец Илија Адес. „Малула одново живнува, црквата е возобновена, гледате дури и туристи имаме! 90 % од реконструкцијата веќе е завршена. Сирија полека се претвора во мирна земја. Можеме само да се радуваме – воскликнува отец Илија“./www.bigorski.org.mk

Advertisement