Скандал 2 милиони евра од тајните фондови на грчкото МНР отишле и во македонски и албански медиуми

 

Околу два милион евра од тајните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи добиле дел медиуми во Македонија и Албанија за да известуваат позитивно за интересите на Грција, објави грчка Ефимерида. На прашањето зошто ги дало парите, одговорот од Министерството бил: „За лобирање и за да известуваат позитивно за интересите на Грција“.

Прашањето за тајните фондови на МНР се појавило како тема на 10 октомври, само една недела пред кавгата меѓу министерот за одбрана Панос Каменос и сега веќе бившиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас за тоа каде отишле тие пари. Каменос го обвини Коѕијас дека лошо ги управува тајните фондови на Министерството, по што Коѕијас даде оставка од функцијата. Текстот на Ефимерида предизвика бурни реакции од грчката влада, која најави дека ќе ја тужи веб-страницата за шпионажа.