Скандал: Голема Албаниjа се вее пред албанските лидери во Тирана (ФОТО + ВИДЕО)

Знамето на Голема Албанија се вееше во салата каде што денеска албанските лидери се собраа на собир на албанската дијаспора од цел свет. Иако знамето го видоа сите преку преносот во живо на фејсбук страната на албанскиот премиер Еди Рама, знамето остана во салата се до крајот на конференцијата.

На собирот на албанската дијаспора во Тирана кој го организира албанската влада гости се сите лидери на Албанците во регионот меѓу кои и Али Ахмети и Хашим Тачи.

Во неколку наврати предходно Еди Рама ги користеше алузиите за Голема Албанија во обид да добие политички поени но и како закана за ЕУ доколку Косово не стане дел од Агендата на Брисел. Делот каде што почнува да се вее знамето на Голема Албанија е на самиот почеток на видеото.

Advertisement