Скендер Ѓинуши нов претседател на Албанската академија на науките Скендер Ѓинуши нов претседател на Албанската академија на науките

 

Академик Скендер Ѓинуши со мнозинство гласови денеска е избран за претседател на Академијата на науките на Албанија. Ѓинуши беше единствен кандидат за ова функција, кој на тајното гласање доби 35 гласови,додека шестмина од академиците беа против. За потпретседател на Академијата е избран Васил Толе, додека за секретар Салвадор Бушати. Во презентацијата на неговата програма за работа, тој рече дека Академијата е партнер на владата и општеството за поставување стандарди.