Сочувство од Mакедонско друштво “Илинден” -Тирана по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија

Mакедонското друштво “Илинден” -Тирана упати сочувство до Албанската православна автокефална црква и до верниците по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија.
Во мое лично име,  во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, стои во телеграмата со сочувство, потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Се додава дека неговото упокојување е “голема загуба за Автокефалната православна црква на Албанија и за сите нас православните верници во Албанија”.
Незаборавниот архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија, Неговата Светост Анастас, со својата божествено вдахновена визија и длабока љубов кон Христа и Неговата Црква, ја обнови и воздигна, од урнатините што ги остави атеистичкиот режим, ја подигна земјата во величенствена храм на верата, надежта и љубовта. Со неуморна трудољубивост и пожртвувана служба повеќе од три децении, наведува друштвото.
Се посочува дека е незаборавно неговото наследство што го оставил во полза на  Автокефалната православна црква на Албанија и се посакува “Вечен и благословен во Бога нека му е споменот”.