Сочувство од Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана 

Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Бугарја, во која животот го загубија 46 македонски граѓани упатија македонското друштво “Илинден“-Тирана. Од името на Македонците во Албанија, сочувство изрази и македонското друштво “Илинден“.

Со голема тага и болка ја примивме страшната вест. Од име на Македонците во Албанија изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на жртвите. Бог да им даде сила да се соочат со оваа страшна болка. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Огромна болка, голема трагедија, напиша Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Advertisement