Сојузот на Македонците со исламска религија: Македонците со исламска религија се етнички Македонци и ништо друго освен Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија го отфрла предлогот на премиерот Зоран Заев за измени на Уставот со впишување на Македонците со исламска религија во преамбулата под графата “торбеши“. Македонците со исламска религија се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ како и Македонците христијани. Муслимани сме пред Бога, а Македонци сме во душа и по раѓање. И затоа сме огорчени од манипулациите на премиерот Зоран Заев со етногенезата на Македонците со исламска религија. Апелираме до Македонците со исламска религија да не подлегнуваат на притисоци, закани и уцени за промена на идентитетот пред престојниот попис и во сите формулари пред државни органи во графата за етничка припадност да се запишат како Македонци, во графата за верско уверување да се запишат како муслимани, а во графата за мајчин јазик да го запишат Македонскиот јазик, друг и немаат! – стои во соопштението на Сојузот на Македонците со исламска религија.