Сојузот на Македонците со исламска религија апелира масовно учество на Македонците на Косово на парлемнтарните избори

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ги повикува Македонците од областа Гора и цело Косово масовно да гласаат за кандидатската листа на “Единствена горанска партија“ на изборите за Собранието на Косово што ќе се одржат на 6 октомври 2019 година.

СМИР очекува “Единствена горанска партија“ да освои пратенички мандати во Собранието на Косово со цел унапредување на положбата и правата на Македонците во областа Гора и на територијата на цело Косово и за заштита на нивниот јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.

СМИР изразува поддршка на лидерот на “Единствена горанска партија“, Адем Хоџа, актуелен пратеник во Собранието на Косово, за се’ што прави за областа Гора и за Македонците на Косово.

Advertisement