Сојузот на Македонците со исламска религија  ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница  Сулејман Реџепи

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ја осудува изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница, за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија на 14 март годинава, дека Македонците се “див народ без идентитет“, што предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост и исмејување на Македонскиот народ.

СМИР смета дека поглаварите на верските заедници треба да шират мир и љубов меѓу верниците во своите верски заедници и меѓу верниците од сите конфесии во општеството и затоа говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ е неприфатлив и недостоен.

СМИР ја потсетува јавноста дека поглаварот на ИВЗ, уште во ноември 2014 година во весникот “Лајм“ тврдеше дека Македонците муслимани не постојат, дека се ѓаволско дело и претставуваат “ин-витро нација создадена од партијата ВМРО-ДПМНЕ“.

ИВЗ не е албанска верска заедница! Муслиманите во Македонија се и Албанци, и Македонци, и Турци, и Роми и Бошњаци, џамиите им служат на сите верници независно од етничкото потекло и затоа нерифатлива и недозволива е албанската иконографија околу поглаварот на ИВЗ.

СМИР бара ИВЗ да се извини поради изјавата на поглаварот, како чин на морална одговорност Сулејман Реџепи да си поднесе неотповиклива оставка, а надлежните државни органи да ги преземат соодветните мерки поради континуираниот говор на омраза.