Соопштение: Повик за пријава и увид во Избирачки споисок за гласање за изборите за Претседателна на татковината Република Македонија

 

Јавен повик за пријава и увид во Избирачки споисок за гласање во странство за изборите за Претседателна на Република Македонија во 21 април 2019 година (чен 50-а став 1 од Изборниот законик)

Податоци за гласањето

Се известуват државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во
Република Албанија дека на 21 април 2019 година ќе се одржат Избори за Претседател на Република
Македонија. Повик за јавен увид во Избирачкиот список и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список. Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Република Албанија, кои сакаат да го остварат своето гласачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиотсписок во просториите на Дипломатско-конзуларнотопретставништво на Република Македонија во Република Алабнија, Тирана на ул “Кавајс” бр 116 во период од 23 февруари до 14 март 2019 година. При увидот, државјаните на Република Македонија, се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или важечка лична карта издадена од надлежен орган на Република Македонија. Увидот може да се изврши и преку интернет страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk . Државјаните на Република Македонија во Република Албанија, барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиотсписок ги поднесуваат во периодот од 23 февруари до14 март 2019 година денот на започнување и завршување на пријавувањетоза гласање. Во период од 08 февруари до 14 март 2019 година, пријавата за гласање, своерачно потпишана се доставува до Дипломатско-конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република македонија во Република Албанија, Тирана на ул “Кавајс” бр 116 или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk за државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Потребни дошменти

Државјаните на Република Македонија, кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот
привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерствотоза внатрешни работи има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, поднесуваат само пријава. Државјаните на Република Македонија, кои претходно не го пријавиле пред надлежен орган во Република Македонија својот привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерствотоза внатрешни работи нема евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство, и тоа:
1. Документ/потврда ипи копија од документотза докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година, или
2. Дозвола за престој ипи работа во странство, издадена од надлежен орган од соодветната држава или копија од дозволата за престој ипи работа во странство.

Појаснувањекој може да гласа и каде ќе се спроведе гласањето.

Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија, кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, а на денот на гласањето привремено престојуваат во Република Албанија, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Република Албанија, повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежен орган, а кои од 08 февруари до 14 март 2019 година, доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од избирачкиотсписок. На Изборите за Претседател на Република Македонија, можатда гласаат само државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани на Република Македонија, кои имаат избирачко право а кои не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводи од Избирачкиотсписок за гласање во Република Македонија, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Република Македонија, Гласањето ќе се одржи на ден 20 април 2019 година (сабота), во период од 07:00 до 19:00 часот во просториите на диппоматското-конзупарно претставништво на Република Македонија односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Република Албанија, Тирана на ул “Кавајс” бр 116 .

Advertisement