Македонско друштво “Илинден”-Тирана категорично ги негира тврдењата на Друштвото за бугарско – албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо категорично ги негира тврдењата на Друштвото за бугарско – албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари. Објавените соопштенија во веб порталот татковина.мк им порачуваме да не бидат ментори и со нивното помагање во однос на соопштенијата со кои се обидуваат да ја оцрнат и омаловажат борбата на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо во однос на правата на македонското национално малциство во Албанија.

Согласно реалната состојба во Албанија, Македонско друштво ”Илинден”-Тирана уште еднаш ги отфрла тврдењата Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, дека во Албанија има население кое се чувствува како Бугари. Според тоа, македонското национално малцинство во Албанија ја оценува како груб фалисфикат на историјата и вистината. Во територија на Република обидот нивноата националност да се прикаже како бугарска, и нагласуваат дека во Албанија ниту имало, ниту денес има Бугари.

Секако, ова не се однесува на членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, кои со своето одродување и со земените бугарски пасоши се обидуваат да создадат привид за постоење на Бугари во Албанија. Секако, нивниот број е беззначаен, податок кој е познат на целата јавност, и број кој е недостоен за разговор. Поради тоа бугарската политика манипулира со цифрата која е валидна за постоечкото македонско национално малцинство во Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тиранa Претседател г-дин Никола Ѓурѓај Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател г-дин Или Халилај

Advertisement