Советот на Европа со упатства до владите за почитување на човековите права околу имунизацијата

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, во документ објавен денеска, ги потсетува европските влади на релевантните стандарди за човекови права при разгледување на прашањето за „ковид-сертификатите“. Овој документ беше испратен во 47 земји-членки на Советот на Европа, јави дописникот на МИА.

Документот ја подвлекува важноста на удвојувањето на напорите за производство и администрација на вакцини, на правичен начин, во согласност со барањата на Конвенцијата за човекови права и биомедицина (Конвенција од Овиедо), така што ограничувањата на индивидуалните слободи можат да бидат преиспитани како се стекнува поширокиот имунитетот во рамките на популациите.

Марија Пејчиновиќ Буриќ, исто така, подвлекува дека за борба против сегашната пандемија, особено за време на патувањето, се потребни усогласувања или олеснувања на чекорите неопходни за потврдување на вакцинацијата, имунитетот или незаразувањето на лицето, под услов да се заштитат податоците од личен карактер и мерки за да се избегне фалсификување. Земјите-членки се поканети да се потпрат на Конвенцијата за заштита на лица во врска со автоматската обработка на лични податоци, Конвенцијата за фалсификување на медицински производи и слични кривични дела загрозување на јавното здравје (Конвенција МЕДИКРИМ) и Конвенција за компјутерски криминал (Конвенција од Будимпешта) .

Од друга страна, употребата на истата сертификација или податоци во врска со имунизацијата, за други цели освен медицински, за давање привилегиран и ексклузивен пристап до правата, покренува многу прашања во врска со почитувањето на човековите права и треба да се гледа со нивна најголема претпазливост.

Документот е структуриран околу четири теми: Основа на обврската на државите да обезбедат пристап до имунизација; Сертификати за вакцинација, „пропусници“ и нивна употреба; Заштита на приватноста и личните податоци и Ризици по јавното здравје и безбедност.

Сите овие прашања се во основата на работата што ја спроведуваат Комитетот за биоетика и Советодавниот комитет на Конвенцијата за заштита на податоците.

Советот на Европа им ги обезбедува на земјите-членки потребните алатки и експертиза за да се осигури дека кризата не ги поткопува заедничките вредности и принципи, ова е особено целта на проектот за соработка за човековите права во здравствената заштита за време на здравствени кризи.

Advertisement