Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс

Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс. Во образложението се наведува дека одлуката се носи поради неговиот придонесо како достоинствен истражувач на многу архиви за извлекување на историската и националната вистина, со извонреден придонес во развојот на уметноста и културата во целиот округ Кукс. На свечената церемонија организирана од страна на Округот Кукс за доделување на почесната титула присуствуваа негови блиски роднини, пријатели, почитувачи на неговото дело.

Назиф Докле роден е на 15 јануари 1945 година во с.Борје, областа на Гора, интелектуалец, собирач на фолклорот и уметник со македонско потекло од областа Гора, беше основач и прв претседател на етно-културното друштво “Гора” во 1991 година.  Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература. Долги години работел како учител, главен инспектор за образование во округот на Кукс и директор на музејот во Кукс а се занимавал и со сценографија и бил режисер на повеќе документарни филмови. Бил член на Друштвото на писатели и уметници на Албанија уште од 1975 година.

Неговата истражувачка активност вклучуваше повеќе материјали од областа на историјата, лингвистиката и етнографијата. Објавил над 35 книги, 130 текстови во весници како и научни и културни списанија во Албанија и други држави. Најпознати негови трудови се речникот “горански-албански” со над 43.000 зборови, “За Гора и Гораните”, “Муке Миле”, “Севни бре ашик, севни бре душо”, “Горански народни песни”, “Богомилизмот и етногенезата на торбешите од Гора во Кукс” идр. Автор на повеќе уметнички изложби. Организиатор на повеќе фестивали во Кукс каде е преставен богатиот фолклор на областа на Гора. Човек кој даде многу за неговата област Гора.