
Судијата на Специјалниот суд одлучи да не ја менува мерката за безбедност за поранешниот албански претседател и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, оставајќи го во затворски притвор.
Мета побара да биде ослободен од затвор, тврдејќи дека истрагите против него се затворени и дека случајот е испратен на суд, па затоа повеќе не постои ризик од уништување на доказите. Сепак, неговото барање беше одбиено.
Поранешниот претседател на Албанија беше уапсен на 21 октомври 2024 година и се соочува со обвиненија за корупција, перење пари и прикривање на имот. Беше уапсен на 21 октомври 2024 година и од тој момент е во притвор. Обвинувањата ги нарече политички, тврдејќи дека за нив нема кривични факти.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden