Според анкетите СПД заостанува само еден поен зад конзервативците на Меркел

 

Германската социјалдемократска партија (СПД) останува со 32% поддршка, заостанувајќи само за еден поен зад демохристијаните на канцеларот Ангела Меркел, пренесува Reuters, повикувајќи се на анкета на компанијата “Форс”. Антимигрантската партија “Алтернатива за Германија” добива 9% од гласовите, “Зелените” и “Левите” по 7% , партијата на слободните демократи 6%. Во истражувањето е спроведено меѓу 6 и 10 март меѓу 2505 гласачи и процентот на статистичката грешка е 2,5%, прецизира “Фокус”.

Advertisement