Србија ќе го празнува 24 мај – Денот на Светите браќа Св.Кирил и Методиј

Србија годинава ќе добие нов државен празник – Ден на Св.Кирил и Методиј браќата се родени во Солун егејска Македонија. Овој празник, доколку предлогот биде усвоен од Владата, ќе се одбележува на 24 мај, пишува „Вечерни новости“. Со тоа, Србија ќе им се придружи на останатите словенски земји кои го прославуваат денот на словенските просветители и мисионери. Иницијативата овој ден да се прогласи за државен празник потекнува од Министерството за култура и информирање, а предлогот до Владата официјално ќе го упати надлежното Министерство за труд и вработување.

Како што наведуваат од Министерството за култура и информирање, новиот државен празник нема да биде неработен ден, туку суштината за неговото одбележување е одавање почит и поклонување пред делото на Св.Кирил и Методиј. Со воведувањето на новиот празник – Денот на Св.Кирил и Методиј на одреден начин во Србија би се „заменило“ местото со одбележувањето на Денот на младоста – 25 мај. Во Белград постои само еден споменик на Св.Кирил и Методиј, кој е подарок на македонскиот академски вајар Томе Серафимовски за градот Белград, каде секоја година македонците од Србија го одбележуваат 24 Мај.

Advertisement