Сребро за Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски на „Президент купот“ во Драч

Најуспешниот македонски олимпиец, таеквондистот Дејан Георгиевски, имаше успешен настап на издание од престижниот Президент Куп,од серијата Г2 деновиве во Драч.

Тој го освои сребрениот медал во својата категорија до 87 килограми, откако во финале загуби во реприза на Токио, од олимпискиот шампион Владимир Ларин од Русија. Георгиевски одлично ја отвори борбата, со водство од 4-0, но за жал тоа останаа неговите единствени поени до крајот и загуби со 4-22.

Претходно, на патот до финалето Георгиевски ги совлада Ангелопулос од Грцја, Ел Џазиди од Франција и Хели од САД. Сребрениот медал му носи важни 12 бода на табелата во светската ранг-листа, кои се исклучително важни за мисијата на Георгиевски, да избори норма за Олимписките игри во Париз.