Средба на инвеститорите од дијаспората во организација на „Македонија 2025“

Странски инвеститори и високи претставници од Владата денеска имаа можност да ги дискутираат резултатите од анкетата на „Македонија 2025“ спроведена со инвеститори од дијаспората. Високи 77 проценти од испитаниците ја издвојуваат Македонија како добра дестинација за инвестирање најмногу поради ниските трошоци за труд (38 отсто) и присуството на компетентна работна сила (31 отсто). Ниските даноци се еден од најзначајните фактори што ги привлекле да инвестираат во земјата. Истражувањето отвора прашања поврзани со квалитетот на институционалната поддршка и климата за водење бизнис. Правната комплексност, корупцијата и сложените административни процеси претставуваат главни пречки при водењето бизнис за речиси 40 проценти од анкетираните.

Брендан Филиповски, директор за истражување во „Македонија 2025“, нагласи дека сите институции што се во допир со инвеститорите треба да назначат стручни лица за контакт кои по забрзана постапка ќе ги процесираат барања на инвеститорите и ќе овозможат транспаретно и навреме добивање документи“. Во идниот период „Македонија 2025“ ќе се фокусира на спроведување конкретни мерки за решавање на увидените бариери за водење бизнис и кон градење постабилна платформа за комуникација и соработка помеѓу странските инвеститори и Владата на Република Македонија. Целта е зголемен економски развој и привлекување што поголем број странски инвестиции во земјата.

Advertisement