Средба на Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Албанија

Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и членовите денеска оствари средба со Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Албанија.

На средбата покрај претседателот на Пратеничката група, Ејуп Аљими беа присутни и членовите Ѓулумсер Касапи и Реџеп Мемеди, а во состав на делегацијата од Албанија беа пратениците Васил Стерјовски, Зеф Штјефни, како и Фатос Река, амбасадорот на Република Албанија во земјата.

Претседателот Аљими, посочи дека оваа посета е од особено значење за Групата, оценувајќи ги односите меѓу двете земји на највисоко ниво. Тој ги поздрави напорите на Албанија, како прва земја која го отпочна процесот на ратификација на Протоколот за членство на Република  Македонија во НАТО.

Претседателката на Комисијата, Кодели, посочи дека два соседи кога се заедно си наликуваат едни на други, албанците овде се мост меѓу двете земји кои играат добра улога во значајни историски моменти. Споделувајќи ја тешката одлука која државата мораше да ја донесе за промената на името, а во функција на иднината.

Одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија двете земји не треба да ги отстрани од тој пат, туку да ги направи посилни, поубедени дека прават одлични работи и се на прав пат- истакна Кодели.

Пратеникот Стерјовски, првиот пратеник од македонската заедница во Парламентот на Албанија истакна дека иднината на двете земји е во Унијата, а наскоро ќе станат и партнери во НАТО-алијансата. Поздравувајќи ја одлуката на двете Влади за отворање на културни центри во Тирана и Скопје, тој ја истакна важноста на запознавањето на меѓусебната култура.

Исто така Аљими упати благодарност за придонесот на Албанија да ја одржува во живот куќата на албанската азбука во Битола. Соговорниците беа согласни дека нема друг пат освен членство во ЕУ и НАТО, притоа повикаа на продлабочување на односите меѓу двете земји во сферата на економијата, културата, туризмот, инфраструктурата како и други области од заеднички интерес. На крајот од средбата, Кодели, упати покана до Групата за возвратна посета во Тирана, наредната година.

Advertisement