Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Македонско – Горанска заедница од Косово во состав: Авнија Рахте, претседател на заедницата, придружуван од Кенан Скендароски и Аце Димоски.
Претставниците на Македонско – Горанска заедница од Косово го информираа претседателот Пендаровски за нивните активности за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет, континиуитет и наследство на Македонците во Косово.
Претседателот Пендаровски ги поздрави активностите на Македонско – Горанска заедница од Косово насочени кон градење на врски меѓу Македонија и Косово, заложбите за придонес кон градењето на мултиетничко и мултикултурно општество преку различните иницијативи за афирмација на македонската заедница во Косово.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
