СТЕП проектот како дел од работниот состанок ‘’Воспоставување на организација за управување со дестинациите во Полошкиот регион Мавровскиот рекански регион’’

На 24 јуни во Тетово се одржа работен состанок на тема ‘’Воспоставување на организација за управување со дестинациите во Полошкиот регион Мавровскиот рекански регион’’. На состанокот учествуваа и официјални претставници од СТЕП проектот.

Покрај краток вовед со активностите на проектот , учесниците беа запознаени со критериумите и начинот на кој беа избрани дестинациите, улогата и задачите на Core Stakeholder Group. За време на состанокот беа разгледани и резултатите од прашалникот спроведен во март 2019 на статистички примерок од 1200 испитаници од кои 30% одговориле на прашалникот.

Врз основа на анализа на податоците добиени од прашалникот, донесени се следниве заклучоци: Најважно е да се изготви стратегија и план за развој на дестинациите, потребна е институционална поддршка (Влада и Министерства, локална промоција на атракции и збиднувања, настани, како и маркетинг и брендирање на дестинациите. А како следи чекори беа истакнати: Формирање на Core Stakeholder Group, обука на членовите на групата, студиско патување во Словенија, организирање на работилници како и активно вклучување на сите членови во процесот на формирање на организацијата за УД.