Стерјовски со факти и документи за постоењето на Македонци а не Бугари во Албанија 

Генералниот секретар на единственета македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАИЕ) Васил Стерјовски, во настап на албанската национална телевизја „Топ Чанел“, изнесе италјански, бугарски и француски документи од 1923 година, со кои се потврдува дека населението во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувало и изјаснувало за Македонци, иако во тој период, како што вели, сме немале македонска држава.

Стерјовски прво се задржува на Бугарија, која како што вели „создава вештачки проблем со бугарско малцинство во Албанија“.

Според него Бугарија не признава македонска нација, признава македонска држава, но не и нација, па затоа каде што има Македонци претендира дека се Бугари, но македонската нација е исторски факт и не ни треба нам одобрение од други држави да се изјасниме тоа  што сме. Сите овие села, Врбник, областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, додава тој, поминале под албанска територија во перодот 1924/25 година, кога беа поставени конечните граници на Албанија.

Имам еден документ од италјанските архиви околу неоснованото тврдење на Бугарија за 18 села што тогаш се граничат со Југославија дека се бугарски села. Генерал Енрико Телини кој е член од Италија во комисијата за утврдување на гранците на Албанија, спровел анкета  меѓу жителите во овие села и го известува претставникот на Италија во Истанбул дека во овие 18 села живее македонско население, а не бугарско. Кога ги прашувал за нивната етничка припадност, на прашањето дали се Бугари сите одговориле дека се Македонци, пишува во неговиот извештај од од 22 август 1923 година. Ова се оригинални документи, рече Стерјовски. Тој покажа документ и од бугарските архиви, односно писмо од претсавникот на бугарската амбасада во Истанбул, Тодор Марков од  15 септември 1923 година испратено до Министерствто за внатрешни работи на Бугарија.

Писмото е  во врска со селата во кои што претедираат дека има Бугари во Албанија, а во него меѓу другото стои: Офицерите на комисијата ги помина сите села долж границата и детално ги прашаа селаните каква е нивната националност. Не   слушнале да одговорат дека се Бугари, туку дека од нив добивале одговор дека се Македонци, прочита Стерјовски дел од писмото. Тој покажа уште еден, како што рече, неодамнешен документ, односно мемоари на полковникот Андре Орион што пред една годна биле објавени, а кој бил претставник на меѓународната комисија за утврдување на границата во 1923 година.

Орион ја претставувал Франција во комисијата. Што пишува во своите ракопси што првпат беа објавен во Албанија, посебно за Корчарската каза. Лично бев воодушевен кога го слушнав ова храбро население кое не се чинеше национално несигурно, да ни одговори без двоумење на јасното прашање: Која е вашата нацоналност?…Македонска…И всушност јазикот, носијата и обичаите, посебно женската носија беа зачувани недопрени од времето. Не престанав да му се восхитувам на ова сиромашно, но гордо  население, кое  во 2.500 години ропство ја имаше зачувано својата нацоналност. Колку ми беше жал што не можев да сторам ништо за нив. Секој момент имав желба да извикам „Да живее слободна  независна Македонија“.

Во Глобочани, на брегот на Преспа каде што го имав поставено својот штаб во март 1918 година каде престојував една седмица се сретнав со еден старец, кого го имав запознато од порано. Откако го сместив, го замолив да ми каже дали има нешто да ми каже за донесените одлуки. Беше многу тажен, но на мојата упорност  одлучи да зборува давајќи ја оваа изјава: Нам Македонците ни недостига еден татко, односно претседател. Нема потажо за нас кога гледаме мали држави, како Бугарија или Србија  кои сакаат да ни ја земат нашата терторија. Ќе бидеме среќни само кога ќе сме сами, раководени  и администрирани од нас самите, од вистинските Македонци. Ова е  документ од 1923 годна, посочи Стерјовски.

Ова се исторски факти и документи, констатира Стерјовски, пред кои сакале или не треба да се поклонат и мора да ги почитуваат негаторите на македонскиот народ кои тврдат дека Тито ја измислил македонската нација во 1944 година и оние кои вештачки прикажуваат бугарско малцинство во Република Албанија .

Advertisement