Стерјовски избран за член на албанската парламентарната комисија за надворешна политика

Албанскиот парламент попладнево на пленарна седница за член на Комисијата за надворешна политика го избра Васил Стерјовски,единствениот пратеник Македонец. Македонските друштва во оваа земја го поздравија изборот на Стерјовски оценувајќи при тоа дека ако се има во предвид значењето на оваа парламентарна комисија ова е уште еден голем успех со кој се потврдува довербата кон Стерјовски и воопшто кон македонската заедница. Парламентарната комисија брои 15 членови а ја раководи Мими Кодели,од Социјалистиката партија.

Advertisement