Стерјовски: Kомитетот за националните малцинства тело подложнo на политичко мешање и штетно на дијалогот меѓу владата и малцинствата

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски учестуваше на консултативна средба организирано од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со преставниците на малцинствата во Албанија каде се разговараше за драфтот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година.

Во моето излагање во име на македонската заедница во Албанија меѓу другото истакнав дека Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската влада како централна институција зависна од владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно на дијалогот меѓу владата и малцинствата. Затоа, истакнав дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалогот со владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија и да биде присутен во медиумите. – рече Васил Стерјовски.

Advertisement