
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски денеска во Корча остварил средба со Марион Џоуанет и Филипо Ристолдо, претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, за локалните избори кои ги запознал со „разните методи и притисоци што последните години Бугарија како членка на ЕУ ги врши за асимилација на Македонците во Албанија”.
Во тој контекст, како што изјави Стерјовски за МИА, и за притисокот насочен кон единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, која е единствениот глас на Македонците и се бори за заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија.
„Исто така, претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ги запознав со саботажата што ѝ се направи на МАЕИ во Општина Пустец кога локални структури кои работат за Бугарија во координација со структури од Република Македонија се обидоа да ја спречат регистрацијата на советничката листа на МАЕИ во Општина Пустец, во единствената општина населена со 100 отсто македонско население. Благодарение на Централната изборна комисија (ЦИК) која ја прифати нашата жалба и нашите аргументи, успеавме да се регистрираме за учество на локалните избори во општина Пустец“, посочи Стерјовски.
На срдечната средба, како што ја оцени на Фејсбук, разменети се мислења и околу подобрување на Изборниот законик и олеснување на условите за учество и финансирање на партиите на малцинствата на парламентарните и локалните избори во Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden