
Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција,и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски во функција на напорите за подобрување на состојбата на Македонците денеска оствари средба со градоначалникот на Девол, Едуарт Дуро.
На средбата присуствуваа и членовите на Извршниот комитет на партијата,Елена Зоркала и Јован Фило. Разговаравме за состојбата во селото Врбник населено со македонско население, кое административно потпаѓа под општина Девол а каде жителите немаат ни минимлни услови за нормален живот.
Од градоначалникот Едуард Дуро побаравме општина Девол да се ангажира во правец на подобрување на условите за живот, патна инфраструктура, водовод, канализција и слично, изјави Стерјовски за Македонски весник Илинден. Посочи дека од градоначалникот побарале вклучување на Македонците од Врбник и градот Билишта во администрацијата на општина Девол.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden