Стерјовски оствари средба со германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергер

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски оствари средба со германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергер.

Во разговор исполнет со меѓусебна почит, изразив искрена благодарност за континуираната поддршка што Германија ја дава на регионот Преспа изминатите години. Германија е најголемиот донатор за Преспа и во рамките на Албанија и пошироко. Особено охрабрувачка беше најавата дека во скоро време Преспа ќе ја посетат заедно германскиот амбасадор во Албанија и германскиот амбасадор во Македонија. Тоа е силна порака дека Преспа останува мост на соработка, пријателство и европски вредности.  – изјави претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, по средбата со германскиот амбасадор во Албанија, Карл Бергер.