
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски оствари средба со Нико Пелеши, претседател на Собранието на Албанија и голем пријател на Македонската заедница во Албанија.
Нашиот разговор беше фокусиран на важноста од понатамошно подобрување на условите за живот и работа на Македонците, како и на можностите за нивна поголема интеграција во општествениот и политичкиот живот на Албанија. Со неговата поддршка, верувам дека можеме да постигнеме значајни чекори напред во унапредувањето на положбата и правата на Македонската заедница во Албанија, – изјави претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, по средбата со Нико Пелеши, претседател на Собранието на Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden