Стерјовски осври средба со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај

На средбата со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај разговаравме за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија.

На средбата со министерот Лешaј ја истакнав потребата да Македонците се застапени во поголем број во албанската полиција, да бидат вклучени во раководни позиции и во областите населени со Македонци раководители на полицијата да бидат Македонци.

Министерот Лешај се изјасни дека вклучувањето на Македонците во структурите на полицијата е неопходно и за самата полиција и истакна дека сите Македонци и Македонки кои сакаат да бидат дел од албанската полиција да конкурираат на двата повици што ги организира министертството за внатрешни работи.

За сите заинтересирани кој сакаат да бидат дел од албанската полиција подетални информации за двата повици кој се во тек можи да се најдат на следните линкови:

https://mb.gov.al/…/hapen-aplikimet-per-shkollen-baze-te-p…/

https://www.asp.gov.al/…/15474-hapen-aplikimet-per-t-u-bere…

Исто така, на средбата со министерот за внатрешни работи, Сандар Лешај разговаравме и за граничниот премин Џепиште-Требиште кој беше отворен во мај 2013 година, од локален премин од трета категорија, да премине во регионален премин од втора категорија! Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо на економски план, бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакнува и ќе се развива оваа област во целина.