Граничниот премин Требиште-Џепиште беше отворен во 2013 година, од локален карактер, со заедничка албанско-македонска полициска контрола и тука можат да минуваат само жители на пограничните области на двете земји. Овој граничен премин им го олесни животот на жителите во областа на Голо Брдо, особено во административната единица Требиште, општина Булќиза.
Граничниот премин работи од 8 часот наутро до 20 часот навечер во лето и од 8 часот наутро до 18 часот во зима. Стерјовски вели дека скратеното работно време на граничниот премин носи пречки во движењето на жителите во пограничната област на двете земји.
„Друга грижа за жителите кои живеат во областа на Голо Брдо е тоа што оние жители кои се родени надвор од областа на Голо Брдо и во пасошот им стои родно место надвор од областа на Голо Брдо, не можат да поминат на овој граничен премин. Овој проблем ќе се реши кога овој граничен премин од локален граничен премин од трета категорија, премине во регионален граничен премин од втора категорија.
Прашањето гласи: Зошто се одложува спроведувањето на заедничката одлуката на Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија за 24-часовно работење на заедничкиот граничен премин Требиште-Џепиште и кога овој граничен премин ќе почне да функционира 24 часа?
Жителите на Општина Пустец, но и локалните власти од албанските власти бараат отворање на граничниот премин со Грција на територијата на општината, во селото Церје.
Отворањето на овој граничен премин ќе донесе посебен развој за општината Пустец, ќе ја зголеми економската соработка помеѓу жителите од двете страни на границата и ќе го зголеми бројот на туристи како во општина Пустец така и во градот Корча.
Прашањето гласи: Дали албанските власти заедно со грчките власти планираат отворање на граничниот премин во селото Церје во општина Пустец на албанско-грчката граница и дали имаме некаква конкретна студија или проект за изградба на инфраструктура на овој граничен премин“, напиша Стерјовски во барањето за интерпелација на шефот на дипломатијата до Собранието на Албанија.


Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
