Стојков: Ставот на Стејт Департментот за Mакедонците во Бугарија е позитивен сигнал (ВИДЕО)

Бугарија никогаш не ја променила политиката кон Македонија кога е во прашање признавањето на постоење  македонска нација и македонско малцинство во Бугарија, освен ако истото не е редефинирано на бугарски основи.

Тоа е политика на асимилација, прогон, дискриминација која датира од шеесетите години па се досега кон се што е небугарско на бугарска територија , но со најголем фокус врз Македонците, вели копретседателот на обединетата македонска организација ,,Илинден Пирин“, Стојко Стојков кој гледа позитивен сигнал во пораката од Стејт Департментот до Бугарија за македонското малцинство.

Бугарија има страв од малцинства и никогаш досега не признала официјално дека тие постојат. така било и на последниот попис во 2011-тата , а истите очекувања ги има и за претстојниот есенва.

Стојков гледа искра надеж за да може да ја регистрираат политичката партија, во последните пораки на стејтдепартментот и од европскиот парламент но и во 14-те пресуди во нивна корист од судот за човекови права во стразбур, за Европа да си ја исправи грешката дозволувајќи прием на земја во унијата која не признава малцинства./www.kanal5.com.mk

 

Advertisement