Страшно ураганско невреме во Москва (ВИДЕО)

Расте бројот на жртвите од силниот ураган во Москва. Властите соопштуваат за 14 загинати и над 150 повредени. Невидена стихија ја зафати во понеделникот руската престолнина и искорени неколку илјади дрвја. „Близу 150 лица се хоспитализирани по ураганот во Москва, откако во моментов во болница остануваат 108 лица, над 20 од нив се деца.

Вчера во вториот дел од денот и вечерта во болници беа донесени 146 пациенти со различни повреди добиени во текот на бурата. Од запишани 146 лица во клиниките остануваат 108 лица, вклучувајќи 22 деца“, изјави началникот на одделот за здравство на руската престолнина Алексеј Хрипун, цитиран од РИА Новости. Москва се уште се опоравува по вчерашната катастрофа, кога над градот се појави моќен ураган.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Efidod8xAw8

Advertisement