Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку напис на социјалните мрежи вели дека во рамките на Стратешкиот дијалог Македонија – САД, една од областите е отстранувањето на визниот режим од САД за граѓаните на Македонија. Османи вели дека се прават напори за време на патувањето да се отстранат и проверките на нашите граѓани на царината во САД.
„Во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, на полето „Билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото“, спроведување на активности кои се однесуваат на пристапот на Македонија кон: Програмата за ослободување од визите – долгорочен процес кој ќе има корист за економскиот развој на земјата и ќе донесе дополнителен поттик за зајакнување на билатералните односи и стратешкото партнерство. Global Entry Program of the USA (Global Entry Program) – непречен влез на наши граѓани со американска виза во САД без вообичаените безбедносни и царински проверки“, пишува Османи.