Студентските протести се помасовни во Албанија

Повеке илјади студенти заедно со своите родители и роднини од Тирана, Корча, Елбасан, Драч и Скадар денеска го продолжија протестот во Тирана барајќи од Владата на Еди Рама да ги исполни сите барања на студентите.

Министерката за образование, Линдита Никола денеска се обиде да разговара со студентите но тие одбија да имаат контакт со неа, нагласувајки протоа дека нема преговори се додека не се исполнат нивните барања кои наместо четири, на четвртиот ден од протестите се зголемија на осум. Организаторите на протестот сега бараат покрај намалување на тарифите за школарината во државните универзитети и подобри услови во студентските домови, итн. Студентите денеска објавија и список на имиња на универзитетски професори кои за полагање на испитите бараат девизи и се целосно корумпирани.

Организаторите на протестите соопштија дека ако не се прифатат барањата од страна на владата ќе започнат штрајк со глад и тоа пред Владата. Организаторите денеска одбија на протестите да им се придружат и групи на демонстранти кои во Тирана протестираат за одредени урбанистички решенија, нагласувајки протоа дека не сакаат протестот на студентите да добие политичка димензија.

Премиерот Еди Рама со цел да ги смири протестите на студентите побара средба со организаторите во неговиот премиерски кабинет, но засега ова барање на премиерот Рама не е прифатено. Албанските аналитичари оценуваат дека и покрај поддршката што ја добиваат студентите од опозицијата сепак се чини дека станува збор за студентско движење кое бара самостојност во делувањето во интерес на студентите. Но има и такви оценки кои нагласуваат дека поради тоа што студентите се повеќе добиваат поддршка од граѓаните а масновноста расте, можно е да се повтори сценариото на студентското движење во Албанија кое се случи во деветедестите години при соборувањето на системот на комунизмот на Енвер Хоџа.

Advertisement