Студентските протести во Албанија продолжуваат во јануари

Студентите ги прекинаа протестите и најавија дека ќе ги продолжат следниов месец. Ваквата одлука уследи бидејќи од понеделник официјално почнува одморот за новогодишните празници низ сите универзитети во Албанија. Студентите се обврзаа дека ќе ги продолжат овие протести се до исполнување на нивните економски и академски барања упатени до владата и образовните институции. Повеќе од 2 недели студентите ги бојкотираа универзитетите марширајќи на плоштадите и булеварите во Тирана, но и низ другите поголеми градови низ Албанија. Тие бараат да се намалат тарифите, да се подобри квалитетот на образованието и условите во студентските домови, но и да добијат застапеност во управните одбори на универзитетите.

Advertisement