Супер Куп трофејот пристигна во Македонија

 

На 8 август 2017 година Скопје, Република Македонија  ќе биде домаќин на грандиозен фудбалски настан. Супер Куп на Уефа. Натпревар на кој во нашиот главен град ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа, а ќе ги дочекаме сите во Македонија. Изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Турата на  УЕФА СУПЕР КУП трофејот е можност, СУПЕР КУП СКОПЈЕ 2017 да стигне до срцата на голем број жители на Македонија и да создадеме празнична фудбалска атмосфера на територијата на цела држава. На 18. март 2017 од 09:00 до 18:00 часот сите сте поканети на платото пред „Куќа на фудбалот“. Трофејот ќе биде изложен на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.

 

Advertisement