Свечена академија по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија (ВИДЕО)

По повод илјада години од госновањето на Охридската архиепископија, вечерва во катедралната црква „Света Софија“ се одржува свечена академија. На свеченоста се обратија поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, г.г. Стефан и митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, Претседателот д-р Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев.

Настанот го збогати и Камерниот оркестар на Филхармонијата, манастирските хорови „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“, а беше отворена и изложба на портрети на македонските архиескопи. Одбележувањето ќе продолжи и утре со литургија од 9 часот во „Света Софија“, каде се очекува да пристигне највисокото државно раководство.