Светски Македонски Конгрес го осудува бугарскиот фашизам кон Македонија и Македонскиот народ

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, најостро ја осудуваат и отфрлаат таканаречената “Рамковна позиција“(*) на Софија, усвоена од Владата на 9 октомври и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври, за почетокот на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија, како антимакедонска симбиоза на бугарската политичка и научна елита за непризнавање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја!

Се’ додека за Софија – Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик – Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година е ништовен и претставува велепредавство на нацијата и државата, а ревизијата за нова политичка историја на Македонскиот народ и на Македонија по барање на Софија е неприфатлива и никогаш нема да важи!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Атина и Софија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за помена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК ги осудува територијалните претензии на Софија кон Македонија и неизживеаната романса за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, која постоела само три месеци на хартија до Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година како руска фикција: Москва преку Кавала и Солун да излезе на Медитеранот, после руско-отоманската војна 1877-1878 година!

Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, како знак на добра волја за историско македонско-бугарско помирување, бараат Софија да се извини за сите историски и општествени неправди и ѕверства кон Македонците во Балканските војни, Првата и Втората Светска Војна – за окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ!

И покрај се’ и после се’, СМК предлага склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебноте односи!

СМК истакнува дека во Македонија не владее бугарофобија, ниту омраза кон бугарската нација, меѓутоа неприфатливи се: (1) Софискиот антимакедонизам и територијалните претензии кон Македонија што го дестабилизира Балканот спротивно на политиките за добрососедство, (2) Непризнавањето на Македонскиот народ за кој Софија смета дека е “креација на Комунистичката интернационала и Југославија“, (3) Непризнавањето на Македонците во Бугарија, (4) Непризнавањето на Македонскиот јазик, и (5) Барањато за ревизија на Македонската историја до 1944 година. Иако непобитен историски факт е сојузништвото на фашистичка Бугарија со Германија, Италија и Јапонија за време на Втората Светска Војна и депортацијата на 7.000 Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка од страна на бугарските фашисти!

СМК истовремено ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како Бугари!

СМК и натаму смета дека во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за Европската Унија!

(*) На денешната седница на владата, решивме да го поддржиме започнувањето на преговорите меѓу Република Македонија и Република Албанија со ЕУ, но ќе инсистираме тие да ги почитуваат добрососедските односи. Бугарија е конзистентна во својата поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, бидејќи процесот на пристапување е клучен двигател за реформите и стабилноста во регионот. Бугарија ја поздравува и поддржува препораката на Европската комисија за почеток на претпристапните преговори со Република  Македонија и Албанија. Истовремено, Бугарија нема да дозволи интеграцијата на Република Македонија во ЕУ да се подразбере како европска легитимација на антибугарската идеологија помогната од страна на државата.