
Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, најостро го осудуваат и отрфлаат најновото издание на Бугарската академија на науките (БАН) од 7 мај годинава со наслов “За официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ потпишано од 12 автори и 6 надворешни консултанти, а под раководство на проф. д-р Васил Николов, заменик-претседател на БАН, во кое Македонскиот јазик се прокламира со ново име “северномакедонски бугарски јазик“,
Светскиот Македонски Конгрес ова издание на БАН го смета за ненаучен памфлет со паушални и тенденциозни конструкции, а како продолжение на таканаречената “Рамковна позиција“ на Софија, усвоена од Владата на 9 октомври и потврдена со Парламентарна декларација на 10 октомври 2019 година, во врска со почетокот на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија, која пак претставува антимакедонска симбиоза на бугарската политичка и научна елита за непризнавање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја!
СМК укажува дека правото на употреба на мајчиниот јазик и правото на самоопределување и самоидентификација е основно човеково право кое не може да се суспендира со билатерален договор под било кој изговор!
Правото на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ веќе е апсолвирано и инкорпорирано во темелите на последната возобновена Македонска држава Македонија од 2 август 1944 година! Секој обид од друга и туѓа метропола и централа за редефинирање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја со сила или уцена ќе биде неуспешен и осуден на пропаст!
Во таа смисла, СМК го осудува обидот на Софија за злоупотреба на правото на вето како членка на ЕУ, почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија да го услови со редефинирање на Македонската држава, народ, јазик, култура и историја како наци-фашизам!
Се’ додека за Софија, Македонија е дел од Бугарија, Македонците се Бугари, а Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик(*), Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година претставува велередавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува! Договорот Заев-Борисов е ништовен според домашното и меѓународното право, бидејќи претставува грубо мешање на Софија во внатрешните работи на Македонија и флагрантно кршење на Виенската конвенција за договорно право од 1969 година!
Ниту Македонците биле, се или ќе бидат Бугари, ниту Македонскиот јазик бил, е или ќе биде дијалект на бугарскиот јазик!
И покрај тоа што е единствен носител на државното име Македонија во светот СМК смета дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации!
И покрај историските хипотеки (1) Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година како територијални претензии на Софија кон Македонија, (2) Балканските војни 1912-1913 година во кои е извршена окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ, (3) Првата Светска Војна 1914-1918, и (4) Сојузништвото на фашистичка Бугарија во Втората Светска Војна 1939-1945 година со Германија, Италија и Јапонија и бугарската фашистичка окупација врз Македонија и депортацијата на 7.000 Евреи од Македонија преку Бугарија во концентрациониолот логор Треблинка во Полска: МАКЕДОНЦИТЕ предлагаат Македонско-бугарско историско помирување и Договор за траен мир и доборососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“ што подразбира: (1) взаемно почитување и разбирање, (2) соработка по сите прашања од заеднички интерес, (3) немешање во внатрешните работи, и (4) реципроцитет во меѓусебните односи!
СМК истакнува дека во Македонија не владее бугарофобија, ниту омраза кон бугарската нација, меѓутоа неприфатливи се: (1) Софискиот антимакедонизам и територијалните претензии кон Македонија што го дестабилизира Балканот спротивно на политиките за добрососедство, (2) Непризнавањето на Македонскиот народ за кој Софија смета дека е креација на Комунистичката интернационала, Тито, Југославија и руските интереси на Балканот, (3) Непризнавањето на Македонците во Бугарија, (4) Непризнавањето на Македонскиот јазик, и (5) Барањато за ревизија на Македонската историја до 1944 година.
СМК ги осудува територијалните претензии на Софија кон Македонија и неизживеаната романса за Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, која постоела само три месеци на хартија до Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година како руска фикција: Москва преку Кавала и Солун да излезе на Медитеранот, после Руско-Отоманската војна 1877-1878 година!
СМК истовремено ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како Бугари!
Во Албанија не живеат Бугари, Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци, Македонците во Албанија никогаш не биле, не се и нема да бидат Бугари! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за Европската Унија!
(*) Kодификацијата на бугарскиот јазик е приказна за себе. По создавањето на бугарското кнежество во 1878 година, имало три официјални писмени системи: Трновски, Каравелов и Дринов. Јазичната комисија формирана во 1884 година била неуспешна. Решенијата на кодификациската комисија од 1893 година исто така биле отфрлени. До 1899 година се воделе жестоки јазични борби во Бугарија. (Затоа неосновани се тврдењата дека Гоце Делчев и другите апостоли на Македонската револуционерна организација пишувале на литературен бугарски јазик, тогаш таков не постоел, туку владеел целосен јазичен хаос). Едвај во 1899 година присилно бил воведен Иванчовскиот правопис. Во 1921 година министерот Омарчевски направил нова реформа, а во 1923 година Цанковски уште една реформа на бугарскиот јазик! Во 1945 година била направена нова кодификација на бугарскиот јазик. Првобитната или комунистичката реформа на бугарскиот јазик од 1945 година ја следела линијата на лениновата реформа на рускиот јазик од 1918 и 1921 година.
По превратот во септември 1944 година, управата на Отечествениот фронт назначува комисија од лингвисти и писатели, за да направи реформа на бугарскиот правопис. При сите кодификации станува збор за крупни промени: Најпрво бугарската азбука броела 35 букви, потоа 32, за на крај да се сведе на 30 букви. Причината е во тоа, дека и денес на територијата на Бугарија има региони (Трнско, Родопите, Добруџа) каде што бугарските “дијалекти“ се речиси посебни јазици! Не може да разберете ниту еден збор од тоа што ви зборуваат. (Пример, во времето на социјализмот, писателот Станислав Сивриев сакал да напише роман на родопски “дијалект“ во списанието “Родопи“, но едвај успеал да состави расказ, затоа што за секој збор морал да има превод!)
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden