Светски саем за противпожарни и спасувачки служби и цивилна заштита “Интершутз – Interschutz” ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2026 во Хановер

Фото: Interschutz

Водечкиот светски саем за противпожарни и спасувачки служби, како и за цивилна заштита “Интершутз – Interschutz” повторно ќе ги обедини експертите, компаниите, институциите и носителите на одлуки од целиот свет. Настанот ќе се одржи од 1 до 6 јуни 2026 година во Хановер, Германија.

Претставува една од најзначајните меѓународни платформи за презентација на најновите технологии, иновации и решенија во областа на противпожарната заштита, спасувачките операции, управувањето со кризи и цивилната безбедност. Саемот традиционално привлекува илјадници посетители, професионалци и изложувачи кои ги следат глобалните трендови и развојот на индустријата.

Организаторите најавуваат богата програма со демонстрации, конференции, презентации и можности за деловно поврзување, со фокус на идните предизвици и иновативните решенија што ќе придонесат за поголема безбедност и ефикасност во секторот.

Повеќе информации за настанот, програмата и учесниците се достапни на официјалната веб-страница: INTERSCHUTZ

Видео: Interschutz