Светскиот Македонски Конгес ја подржува “Единствена горанска партија“ на парламентарните избори во Косово

Светскиот Македонски Конгес (СМК) ја подржува “Единствена горанска партија“ на парламентарните избори во Косово што ќе се одржат на 6 октомври 2019 година.

На престојните парламентарни избори на Косово “Единствена горанска партија“ настапува со своја кандидатска листа и Македонците на Косово имаат можност да гласаат за партијата која се бори за унапредување на нивната положба и права и заштита на нивниот јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и простор.

СМК посакува успеси на “Единствена горанска партија“ и на лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора и Македонците на Косово.

СМК ги повикува сите Македонци од областа Гора и на Косово, да излезат масовно и да гласат за “Единствена горанска партија“ на престојните парламентарни избори, за да добијат свои пратеници во Собранието на Косово.

Advertisement