Светскиот Македонски Конгрес го осудува агресијата на бугарија за асимилација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува огорченост од престојната посета на бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиер Екатарина Захариева на Албанија, во рамките на балканската турнеја во која што ќе патува и во Белград, Подгорица, Приштина и Сараево, при што официјално ќе побара властите во Тирана да признаат “бугарско малцинство“ во трите региони Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, каде што живеат само Македонци.

СМК од Владата во Тирана бара да остане доследна на Законот за малцинствата, во којшто Бугари во Албанија не постојат, никогаш досега не постоеле!

СМК изразува жалење за бугарската злоупотреба од издавање бугарско државјанство и пасоши за Македонците во Албанија, на кои, поради социо-економски причини, тие им се потребни за најбрзо заминување на работа во земјите од Западна Европа, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

СМК апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“.

СМК смета дека токму најавата од склучување на Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, којшто претставува велепредавство кон Македонската нација и држава, ја зголемува агресијата на Софија за асимилација на Македонците во соседните земји на Република Македонија – Албанија, Србија, Грција и Косово.

СМК потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија не се “Бугари“!

СМК од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија за “Бугари“!

СМК, антимакедонизмот на Софија го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото!

СМК апелира до сите Македонци да се откажат од приемот во бугарско државјанство поради ризик од декларацијата за “бугарско потекло“ со неизбежни импликации неприфатливи за идентитетската основа на Македонската нација и држава во целина!

Advertisement