Светскиот Македонски конгрес: Македонците муслимани се нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ

Светскиот Македонски конгрес (СМК) изразува огорченост од најавата на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на новата владина агенда “Европа дома“, за промена на Уставот заради впишување во преамбулата на “торбеши“, “горани“, “шкрети“ и “бугари“ – сите етнички Македонци!

СМК отфрла сегментирање на Македонскиот народ пред пописот, со цел намалување на бројот на етничките Македонци во вкупното население на државата Македонија, како главна амбиција на соседните држави во обидот Македонија од држава да се претвори во територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

СМК потсетува како што има Албанци православни, Албанци католици, Албанци протестанти, Албанци муслимани, но сите ништо друго освен етнички Албанци, исто така има и Македонци православни, Македонци католици, Македонци протестанти, Македонци муслимани, но сите ништо друго освен етнички Македонци! Торбешите не се посебен народ како етнос! Нивниот мајчин јазик е Македонскиот јазик, нивната култура е македонска култура, нивната историја е македонска историја! Македонците муслимани се нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ, исто како и Македонците православни, Македонците католици, Македонците протестанти!

Шкретие не се поебен народ како етнос! Нивната култура е македонска култура, нивната историја е македонска историја, тие претставуваат нераскинлив и неотуѓив дел од Македонскиот народ! Тие се православни, верници во Македонската Православна Црква, тие не се Албанци православни, иако го зборуваат и Албанскиот јазик. Поради башибозукот во “темниот вилает“ од времето на Отоманската Империја, дел од Македонците го прифатиле Исламот го здржале Македонскиот јазик, дел од Македонците ја задржале православната вера го прифатиле јазикот на башибозукот! Но и едните и другите отсекогаш засекогаш останале етнички Македонци!

Македонците христијани подаваат рака на историско извинување и бараат прочка за помирување со Македонците муслимани, заради сите општествени и историски неправди, затоа што туѓи и други интереси ги туркале и се’ уште ги туркаат едни од други и едни против други, во одродување и отуѓување! Односот на власта, која и да е, кон сите етнички Македонци, воопшто не треба да ги втурне кон денационализација и асимилација во други етноси поради верата! Ниту Исламот е албанска вера, ниту Мека е во Косово или Албанија.

Македоцните, Турците, Ромите, Еѓиптјаните и Бошњаците во Македонија, муслимани по вероисповед, не се етнички Албанци затоа што мнозинството во Исламската верска заедница во Македонија се Албанци муслимани! Исто како што сите муслимани во светот не се Арапи, иако Мека се наоѓа во Саудиска Арабија! Богатство на Исламот е да ги признае и прифати и муслиманите Македонци, Турци, Роми, Еѓиптјани и Бошњаци, каков што е односот и кон Албанците муслимани!

СМК најискрено апелира до Македонците со исламска религија да ги отфрлат сите интриги и притисоци за нивно одродување во Албанци, Турци или Бошњаци поради Исламот! Македонците по вероисповед муслимани не се ништо друго туку етнички Македонци!

СМК апелира до сите Македонци со исламска религија, “торбеши“, “шкрети“, “горани“, “бугари“ да не се попишуваат било како, ОСВЕН КАКО МАКЕДОНЦИ, со МАЈЧИН ЈАЗИК МАКЕДОНСКИ, во сите датотеки и обрасци во графата етничка припадност да се впишат како Македонци, а во графата мајчин јазик да запишат Македонски јазик, името на нивната држава Македонија!

СМК, исто така, отфрла впишување на “бугари“ во преамбулата на Уставот на државата Македонија, бугарски државјанин не значи етнички Бугарин, такви во државата Македонија не постојат, како ни во Албанија, ни во Косово, воопшто пак во Грција!

СМК и натаму смета, дека државата Македонија односите со соседните држави треба да ги гради врз основниот принцип на меѓународното право на “еднаква сувереност“ што подразбира: взамено почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Што за “бугари“ во Македонија, истото и за Македонците во Бугарија, што за Албанците во Македонија, истото тоа за Македонците во Косово и Албанија!