Светскиот Македонски Конгрес: Македонските граѓани не се дел од бугарската нација

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова која после вчерашната потрага по “етнички бугари“ во Косово меѓу Македонците од областа Гора и Призренска Жупа, денес во бугарската амбасада во Скопје остварила средба со “бугари со самосвест“ од Македонија кои ги смета за “припадници на бугарската нација“!

СМК потсетува дека македонските граѓани, независно од етничко потекло, не се припадници на бугарската нација, сите се еднакви пред Уставот и законите, а изјавата на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова претставува грубо мешање во внатрешните работи на државата Македонија и израз на територијални претензии кон државата Македонија!

СМК бара Македонското министерство за надворешни работи да упати протестна нота до Бугарското министерство за надворешни работи за оваа бугарска провокација со оградување од оваа анахрона изјава на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотева!

СМК оценува дека ваквите изјави од потпретседателката на Бугарија не се инцидентни, туку претставуваат долгорочна државна политика на Софија кон Македонија!

СМК потврдува дека, македонската култура и историја не се културно наследство на “бугарската заедница во Македонија“, туку дел од културно-историското наследство на Македонскиот народ и на државата Македонија!

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=8810397019034759&set=a.575789452495598&type=3

Advertisement