Светскиот Македонски Конгрес на 29. Генерално Собрание донесе Резолуција за Македонците во Турција

На 10 август 2019 година, во Скопје, Македонија се одржи 29. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК). На 29. Генерално Собрание донесе Резолуција за Македонците во Република Турција.

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

(1) Упатуваме целосна поддршка за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Турција.

(2) Македонците во Република Турција, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ!

(3) Апелираме Владата на Република Македонија да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Турција.

(4) Бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Турција, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи.

(5) Бараме Владата на Република Турција:

(5.1) да дозволи регистрација на здруженија и партии на Македонците во Република Турција,

(5.2) да овозможи попишување на Македонците во посебна графа на пописниците,

(5.3) да дава државна помош за зачувување и развој на македонската култура и идентитет, и

(5.4) да овозможи изучување на македонската историја и Македонскиот јазик во училиштата.

(6) Бараме Владата на Република Македонија да одобри македонско државјанство за Македонците во Република Турција.

(7) Иницираме формирање Македонска православна заедница во Турција.

(8) Бараме Владата на Република Турција да одобри Македонска православна црква во Истанбул.

(9) Иницираме формирање Сојуз на здруженијата на Македонците во Република Турција.

(10) Се поттикнува работата на Канцеларијата за врски на Светскиот Македонски Конгрес во Турција.

(11) Оваа Резолуција влегува во сила со нејзиното донесување.

(12) Оваа Резолуција се објавува во “Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

(13) Оваа Резолуција се доставува до: Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; Претседателот, Собранието и Владата на Република Турција; архивата и членките на Светскиот Македонски Конгрес.