Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува агресивната политика на Софија за асимилација на Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува агресивната политика на Софија за асимилација на Македонците во Албанија при престојниот попис на населението во октомври годинава, во намерата да се попишат како Бугари!

СМК, истовремено, ја осудува и Бугарската академија на науките чиј Институт за население и психологија преку доцент д-р Спас Тошев бара бугарската дипломатија да одигра важна улога при пописот на Македонците во Албанија како Бугари наспроти државата Македонија како матична држава на Македонскиот народ и деловите од Македонскиот народ во соседните држави на државата Македонија!

СМК повторува дека во Албанија никогаш немало Бугари, во Албанија ни денес нема Бугари освен во бугарската амбасада во Тирана!

СМК упатува остра критика кон антимакедонизмот на Софија во злоупотребата на социјалната положба на Македоцните за издавање на бугарски државјанства и пасоши заради заминување во Западна Европа, доколку во барањата за бугарски државјанства се декларираат за Бугари, а тоа го прави и натаму со цел да изнуди попишување на Македонците во Албанија за Бугари!

СМК повикува на достоинството на Македонците во Албанија и светот, да не ги забораваат своите корени наспроти агресивната антимакедонска пропаганда на Софија во намерата да декларира бугарско малцинство во Албанија!

СМК апелира Македонската Влада да упати остар демарш до Владата во Софија во намерата за преименување на Македонците во Албанија за Бугари!

СМК бара Македонската Влада во грижата за положбата и правата на Македонците во Албанија да преземе мерки за нивна заштита од агресијата на Софија!

СМК бара Македонската Влада на општина Пустец да и’ подари минибус, комбе, џип, амбулантно возило, камион за собирање отпад, наставни помагала и учебници по Македонски јазик во основните училишта и гимназијата и други средства, на селата во областите Голо Брдо и Гора, селото Врбник, Тирана, Корча, Елбасан и други градови каде што Македонците во Албанија живеат!

Advertisement