Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Каракачанов

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбpaна Красимир Каракачанов од 9 септември годинава “Си го сменивте името изнамето, ќе ја смените и историјата“, како дрска најава за блокада на преговорите на Првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Унија, доколку Македонија не го исполни Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година за ревизија на македонската историја со епилог Македонците како Бугари, Македонскиот јазик како дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија како дел од Бугарија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ги осудуваат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам кон Македонскиот народ и Македонија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го осудуваат софискиот наци-фашизам кон Македонија и Македонците во обидите за повампирување на руската креација на Санстефанска Бугарија од 3 март 1878 година, како неизживеана романса која никогаш не постоела, ниту кога и да е ќе се оствари, но претставува територијални претензии на Софија кон Македонија и отворена закана спротивна на добрососедските односи!

СМК ја повикува интелектуалната и демократската јавност во Бугарија, Европа и светот најостро да ја отфрлат софиската агресија, ревизионизам и иредентизам за повторна окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ! Македонците и Македонија не смеат повеќе да бидат жртви на шарлатански партии и умноболни поединци во соседна Бугарија кои наместо мир и љубов шират омраза и војна, расизам и апартхејд врз Македонците во татковината и во светот!

Македонците, како што не биле и не се, никогаш нема да бидат Бугари од Татарстан, Кина и Монголија, а ги охрабруваат сите во Бугарија да се вратат кон корените во мајка Македонија! Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, поради грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

СМК бара итно и безусловно распуштање на комисиите меѓу Скопје и Софија и Скопје и Атина за ревизија на македонската историја – историјата на Македонскиот народ и на државата Македонија!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат нова политичка историја за Македонскиот народ и државата Македонија, која може да биде албанска, бугарска, грчка и српска, но никогаш Македонска! Кога и да е, таа ќе биде отфрлена, независно од насилството што одродени и изроди, врховисти и колаборационисти од позиции на марионетската власт октроираат “нова политичка историја“ за Македонците и за Македонија!

Премиерот, министрите и пратениците кои ги суспендираа одлуката од референдумот на 8 септември 1991 година и резултатите од референдумот на 30 септември 2018 година, никогаш да не заборават дека, кога и да е, ќе одговараат пред судот на народот, историјата и правдата со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот, за кривични дела: велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ, злосторство против човештвото, повреда на угледот на државата Македонија, излагање на подбив на Македонскиот народ, и загрозување на независноста доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава!

И покрај се’ и после се’, СМК ги повикува владите во Скопје и Софија на историско македонско-бугарско помирување и на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи!