Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за швајцарскиот весник “Tages-Anzeiger“, со која Македонците ги именува за “славомакедонци“, Албанците ги смета за “една третина од населението во Македонија“, а Македонија ја споредува со Швајцарија. СМК го потсетува Еди Рама дека ниту постојат “славомакедонци“ во светот, ниту Албанците во Македонија се една третина, ниту Македонија е Швајцарија како пто не е ни Албанија.
СМК изразува чудење зошто Еди Рама е загрижен од руско присуство на Балканот, кога Албанија порано веќе била во сојуз и со Советскиот Сојуз и со Народна Република Кина.
СМК смета дека суверено право е на секоја нација да определи дали и кон кој сојуз ќе пристапи, пристапот на Албанија не е рецепт за останатите.
СМК јавно ја повикува Владата во Тирана да ги воспостави дипломатските односи со Македонија под незјиното државно име и да усвои амандман на Уставот дека “Албанија нема територијални претензии кон соседите“, како што тоа го стори Македонија во 1992 година!
СМК и натаму смета дека е неприфатливо мешањето на Албанија во внатрешните работи на Македонија и јавно ја повикува Владата во Тирана да се откаже од наци-фашистичката креација “Голема Албанија“!
СМК иницира склучување на Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија и склучување на Договор за положбата и правата на македонците во Албанија и за положбата и правата на Албанците во Македонија врз принципите на меѓународното право: еднаква сувереност, немешање во внатрешните работи и заемно почитување на реципроцитетна основа – Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!