Светскиот Македонски Конгрес остро го осудува фашизмот на Бугарската  академија на науките

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува денешното соопштение на Бугарската академија на науките, наспроти Повелбата за Македонскиот јазик на Македонската академија на науките и уметностите од 3 декември годинава, дека “Македонскиот јазик не постои” и дека “Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик” што е на линија на декларацијата од 9 октомври годинава усвоена од Владата а на 10 октомври потврдена од Парламентот на Бугарија, во која ултимативни услови за почеток на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската Унија се сметаат признанието, дека не постои Македонски јазик и не постои бугарска фашистичка окупација врз Македонија во Втората Светска Војна!

Се’ додека за Софија, Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, а Македонија е дел од Бугарија, за Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година претставува велепредавство на нацијата и државата, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 го сметаат за ништовен и бараат веднаш и безусловно да биде прогласен за ништовен, бидејќи врши ревизија на македонската историја според територијалните претензии на Софија од времето на неизживеаната романса за Санстефанска Бугарија од 1878 година!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Уника и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Макединскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!